Како што појаснуваат, осомничениот, на 3 јули, од паркинг просторот на ПОЦ во непосредна близина на Зелен пазар на улицата „11-ти Октомври“ во Скопје, одзел туѓо моторно возило марка „фолксваген голф 3”. Тој го искористил фактот дека автомобилот бил оставен отклучен и со клучеви во бравата за стартување, па без да биде забележан влегол во возилото, го стартувал и го одзел.
Ноќеска, пак, во угостителски објект на кејот, во непосредна блзиина на Младинскиот културен центар, осомничениот со тврд погоден предмет и физичка сила го отворил прозорецот од кујната од каде влегол во објектот. Извршил претурање и одзел една внатрешна единица за клима уред, звучник, повеќе алкохолни пијалоци, храна и други предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 65.000 денари, а со провалувањето причинил и материјална штета околу 6.000 денари.
„Бидејќи недвосмислено постојат околности кои што укажуваат на опасност од бегство на осомничениот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, информира ЈО.