Според пријавеното, лицето кое го одзело возилото, движејќи се кон с.Палатица предизвикало сообраќајна незгода, односно удрил во објект на маркет и го напуштил местото. При тоа со телесни повреди, констатирани во Клинички центар Тетово, се здобила Л.К.(23) од с.Палатица, вработената во маркетот, а предизвикана е и штета на објектот. По наредба на јавен обвинител возилото е однесено во кругот на СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.
Украл „позајмено“ возило, удрил во маркет и побегнал – СВР Тетово го бара сторителот
СВР Тетово, на 26 февруари добило пријава од Ќ.И.(78) од с.Стримница, Тетовско, дека во селото било одземено патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое е сопственост на друго лице, а тој го користел и кое било паркирано и оставено со клуч на бравата.

Објавено на
часот





