понеделник, 15 декември 2025

Украдени електромотори, кабли и електронски уреди од фабрика во Прилеп

На 31.07.2025 во ОВР Прилеп било пријавено дека во периодот од 16:30 часот на 27.07.2025 до 14:00 часот на 31.07.2025 со употреба на физичка сила и соодветен алат било влезено во канцелариски простории во управна зграда од поранешна фабрика „11 Октомври – Еурокомпозит“ на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп.

Објавено на

часот

Сподели

При тоа биле одземени четири електромотори од хидраулична машина со електрични додатоци, кабли, инсталации и предмети од различни електронски уреди, два електромотори од фрижидер и две торби со повеќе метални предмети. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ