„На 12.05.2025 во 09.30 часот во СВР Скопје, од ЈП Паркови и зеленило било пријавено дека во Градски парк, кај бараките на Град Скопје, бил одземен споменикот на Крсте Петков Мисирков, а спомен бистата на Кочо Рацин била оштетена“, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.
Истиот ден, додаваат, било пријавено дека од дворот на Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“, на подрачјето на општина Аеродром, била одземена и спомен биста на Ѓорѓија Пулевски.
„Истиот ден во 13.25 часот, од Основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“, на подрачјето на општина Аеродром, било пријавено дека од дворот на училиштето била одземена спомен биста на Ѓорѓија Пулевски“, додаваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.
МВР информира и дека вчера Б.И.(67) и С.Ж.(76), двајцата од Скопје, пријавиле дека од гробни места од Градските гробишта Бутел биле одземени две бронзени бисти и дека полицијата презема мерки за расчистување на случајот.