понеделник, 8 декември 2025

Удрила со возило во две лица пред кафеана, па физички ги нападнала и заминала

Денеска, по полноќ, во 00:40 часот во ОВР Берово е пријавено дека пред угостителски објект во с.Будинарци, Беровско, М.М.(52) од с.Возарци, Кавадаречко, со патничко возило „хјундаи“ со штипски регистарски ознаки, удрила во Д.Г.(38), кој бил заедно со Ѓ.Ч.(24), двајцата од с.Митрашинци, Беровско.

Објавено на

часот

Сподели

Потоа излегла од возилото и со остар предмет се упатила кон Ѓ.Ч., по што физички го нападнала Д.Г. и го напуштила местото на настанот со уште едно лице кое било со неа во возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ