недела, 8 февруари 2026

Ученици на екскурзија се обиделе да обијат каса за доброволни прилози во манастирот на Попова Шапка

Одговорното лице на манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка на 7 февруари пријавил  во СВР Тетово  дека во манастирот затекнал малолетници кои со употреба на сила се обидувале да ја отворат металната каса за доброволни прилози.

Објавено на

часот

Сподели

Утврдено е дека станува збор за четворица малолетници од скопско село, кои биле на организирана екскурзија. Тие заедно со нивниот одговорен наставник биле задржани на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ