петок, 16 мај 2025

Убиство во Шуто Оризари – си ја убил партнерката пред 5-годишната ќерка

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомневање дека сторил кривично дело – убиство.

Објавено на

часот

Сподели

Првиот осомничен, вчера при вршење семејно насилство во домот во Шуто Оризари, ја убил својата партнерка со која живеел во вонбрачна заедница. Делото го извршил во присуство на 5-годишната ќерка. На жртвата ѝ нанел повреди и убодни рани со нож во пределот на вратот и градниот кош, од кои таа починала на лице место.

Веднаш потоа избегал од домот, во што му помогнал вториот осомничен кој му дал друга облека и му овозможил превоз со автомобил до граничниот премин Табановце. Во непосредна близина на границата го оставил и се вратил во Скопје каде се обидел да ги прикрие трагите на своите помагачки дејствија.

Осомничениот за убиство продолжил кон границата каде бил запрен и уапсен.

СВР Скопје соопшти дека се работи за Н.А. (38) од Скопје, Р.А. (36) била неговата невенчана сопруга, а Д.С. (32) му помогнал на сторителот и го превезол до ГП Табановце.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ