среда, 17 декември 2025

Убиство во Боговиње, се скарале, па пукал во него

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од СВР Тетово, денеска во 10.30 часот на улица ,Цветaн Димов” во Тетово полициски службеници го лишиле од слобода М.М.(50) од тетовско Боговиње, кoј бил со патничко возило БМВ со тетовски регистарски ознаки.

Според првичните информации на полицијата. М.М се сомничи дека околу 10.15 часот во угостителски објект во село Боговиње со огнено оружје го усмртил А.Џ.(47) од истото село, со кого имале претходно меѓусебно нетрпение.

При преглед на возилото е пронајдена и одземена една автоматска пушка.

Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка. Јавен обвинител и полициски службеници се на местото на настанот, се врши увид, велат од СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ