Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот е пријавен во 10:15 часот, а жртвата била веднаш пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што околу 11 часот починал.
Потресни детали открива ќерката на убиениот, 20-годишната Е.М., која изјавила дека, заедно со нејзиниот татко, биле на Клиниката за неврологија. Таму се обидел да стапи во контакт со неа Џ.М., кој во изминатиот период ѝ се заканувал затоа што не сакала да се омажи за него. Девојката одбила да комуницира, по што следувал крвавиот епилог.
„Кога тргнале кон домот во с. Батинци, патот им бил попречен од возило од кое излегол Џ.М. и пукал кон А.М.“, информираат од МВР.
Случајот се води како убиство со сомневање за семејно/родово мотивирана омраза, а надлежните органи преземаат мерки за целосно расчистување на околностите и утврдување на мотивите.