недела, 27 јули 2025

Уапсени возачи во Тетово и Гостивар, управувале возила под дејство на алкохол

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, вчера во 14 часот на улица „Браќа Миладинови” во Тетово, го лишиле од слобода Љ.Т.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти денеска МВР, при вршење на увид на претходно случена сообраќајна несреќа, полициските службеници утврдиле дека Љ.Т. управувал патничко возило фиат пунто со тетовски регистерски таблици, а било видливо дека е под дејство на алкохол и побарале да го алкотестират, но Љ.Т. одбил. Поради тоа Љ.Т., е однесен во Клиничката болница Тетово, за утврдување на нивото на алкохол во крвта, а потоа е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок за безобѕирно управување со возило.

Ноќеска во 3 часот на улица „Светозар Пепоски” во Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Д.Т. од Гостивар, кој управувал патничко возило „фолксваген лупо“ со гостиварски регистерски таблици, под дејство на алкохол, однсоно му биле измерени 2,08 отсто промили алкохол во крвта.

МВР соопшти дека Д.Т. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок за безобѕирно управување со моторно возило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ