Според МВР, околу 23 часот на улица Маршал Тито во Штип, Х.П. со патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „рено“ со штипски регистарски ознаки, паркирано од В.Н. од Штип.
„При преземање мерки во врска со незгодата, полициските службеници констатирале дека Х.П. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,16 промили алкохол во крвта“, соопшти МВР.
Во 19:54 часот, при сообраќајна контрола на улица Страшо Пинџур во Берово, полициски службеници сопреле мопед со пехчевски регистарски ознаки, кое го управувал В.П. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,18 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
„По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе бидат поднесени пријави за безобѕирно управување со моторно возило“, велат од МВР.