недела, 14 декември 2025

Уапсени возачи од Битола и ресенско, возеле пијани

Полициски службеници од СВР Битола, утрово во 2 часот на улицата „Македонска фаланга“ во Битола, го лишиле од слобода П.Д. со престој во селото Жабени, битолско.

Објавено на

часот

Сподели

Од Секторот за односи со јавност посочуваат дека при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мицубиши“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Д. и е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,66 промили алкохол во крвта.

Исто така, синоќа во 20:30 часот во селото Јанковец, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен  го лишиле од слобода М.М. од Битола кој управувал патничко возило „сеат“ без регистарски ознаки и кај него е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,14 промили алкохол во крвта.

Лицата се исклучени од сообраќај и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ