При преглед во патничко возило „муцубиши“ со австриски национални ознаки, управувано од Е.Б., а сопатник бил С.С., пронајдени и одземени се две ловечки пушки – карабин, 59 куршуми со различен калибар, две дозволи за поседување и носење на оружје, три ловечки ножеви со футроли, секира, две празни рамки и други предмети. Од извршените проверки констатирано е дека лицата не поседувале дневна дозвола за лов. Е.Б. и С.С. се приведени во полициска станица,
Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.






