сабота, 26 јули 2025

Уапсени двајца скопјани, палеле оган, едниот е малолетник

Во два одделни случаи лишени од слобода се малолетник, кој палел оган и горел кабли, и скопјанец, кај кого биле пронајдени запалени кабли.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, во првиот случај, денеска нешто после полноќ во Скопје на подрачјето на Карпош полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 15-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Тој бил затекнат од страна на полициски службеници во кругот на фирма на улица „Скупи“, каде запалил оган и горел кабли. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а со малолетникот е извршен службен разговор, во присуство на неговата маќеа и адвокат. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во вториот случај, пак, вчера во 16:10 часот на улица „Лазар Личеновски“ во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 44 годишниот И.К. При преглед кај него биле пронајдени запалка, најлонска вреќа во која имало запалени кабли, метални и бакарни предмети.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ