сабота, 14 март 2026

Уапсени двајца кавадарчани, возеле пијани

Две лица биле лишени од слобода утринава во Кавадарци, возеле под дејство на алкохол, информираа од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Во 1:30 часот во градот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишија од слобода А.О., на возраст од 28 години од село Рожден, Кавадаречко. При сообраќајна контрола на улицата Љубашка во Кавадарци е сопрено патничко возило сеат со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,71 промили алкохол во крвта“, појаснија од СВР Велес.

Во 3:20 часот во градот, полициски службеници го лишиле од слобода С.П., на возраст од 39 години од Кавадарци.

„При сообраќајна контрола на улицата „Миле Вчков“ во градот е сопрено патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,70 промили алкохол во крвта“, додадоа од СВР – Велес.

По целосно документирање на случаите, како што потенцираа оттаму, против нив ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ