Полициските службеници извршиле преглед на патничко возило форд со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.М., каде била пронајдена и одземена украдената клупа.
„Тие се приведени во полициска станица, клупата ќе ѝ биде вратена на општината и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од МВР.






