петок, 2 јануари 2026

Истрага за двајца битолчани, нелегално организирале борба со кучиња

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола поведе постапка против две лица за кривично дело убивање и мачење животни.

Фото:

Објавено на

часот

Сподели

Според Обвинителството, осомничените се 44-годишен посредник во организација на борби со кучиња и 43-годишник кој во дворот на семејна куќа во битолското село Црнеец подготвил заграден ринг каде се организирале борбите.

„Со постапката за истото кривично дело се опфатени и еден грчки и еден косовски државјанин кои во моментот се во бегство. Сите заедно, на 1 ноември во вечерните часови, заради користољубие, грубо злоупотребувале и изложиле на непотребни маки куче од расата пит бул, сопственост на осомничениот грчки државјанин, наведувајќи го да се бори со куче од расата американски  стафорд, сопственост на осомничениот косовски државјанин“, информираа од Јавното обвинителство.

Во борбата кучето од расата пит бул се здобило со повреди – угризи од другото животно. Борбата ја следеле други лица од Косово, Грција и од Македонија, кај кои полициските службеници пронашле парични средства во различни апоени на евра и денари, а двајцата сопственици на кучињата во рингот веднаш по пристигнувањето на полицијата избегале од местото на настанот. Тие се идентификувани и по нив се трага.

„Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за македонските државјани инволвирани во организација на забранетите борби. Сепак, Судот донесе решение со кое им определи мерка куќен притвор. Битолското обвинителство ќе вложи жалба на одлуката“, велат од Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ