вторник, 9 декември 2025

Уапсени двајца битолчани, фатени на лице место при купопродажба на дрога

Двајца млади битолчани биле фатени при купопродажба на дрога, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во градот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Битола ги лишиле од слобода М.Д. и В.М., на возраст од 24 и 29 години, двајцата битолчани. Околу 19 часот, тие биле затекнати при купопродажба на дрога, односно во моментот додека В.М. му продавал марихуана на М.Д, што била пронајдена и одземена“, појаснуваат од МВР.

Подоцна, со наредба на Основен суд – Битола, бил извршен претрес во домот на В.М., при што биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста материја, банкноти во различни апоени, како и мопед за што постои сомнение дека е предмет на кривично дело.

„По целосно документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави“, истакнуваат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ