недела, 7 декември 2025

Уапсени четири лица во Куманово, питачеле со нивните малолетни деца

Кумановската полиција уапси четири лица од Куманово и Скопје кои питачеле со нивните малолетни деца, соопшти денеска СВР Куманово.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера врз основа на претходно изготвен план, во соработка со Центарот за социјални работи Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода С.А., Т.Џ. и С.Б., сите од Куманово и С.С. од Скопје затоа што тие биле забележани како питачат со нивните малолетни деца“, информираше полицијата.

СВР Куманово, против нив ќе поднесе кривични пријави за запуштање и малтретирање на дете.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ