„При преглед во патничкиот автомобил голф со скопски регистарски ознаки, што тој го управувал, извршен на местото викано Мост Радика (Мелнички Мост) во близина на Дебар, полициските службеници пронајдоа и одзедоа најлонски кеси со вкупно 20 килограми тутун што го превезувал без соодветна документација“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
По насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично избегнување плаќање на акциза.