недела, 22 февруари 2026

Уапсен возач во Скопје, нападнал полицаец и бил под дејство на алкохол

Вчера околу 01:20 часот, во близина на рампата во Маџари во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Т.Б. (28) од село Јурумлери, скопско.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од МВР, лицето претходно било запрено со патничко возило, по што физички нападнало полициски службеник кој извршувал службени дејствија, а упатувало и закани кон него.

По извршеното алкотестирање било утврдено дека возачот имал 1,64 промили алкохол во крвта.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ