сабота, 6 декември 2025

Уапсен велешанец, измерени му биле 1,74 промили алкохол во крвта

На улица Гоце Делчев во Велес, полициски службеници од СВР Велес синоќа по полноќ го лишиле од слобода 54-годишниот  К.С.

Објавено на

часот

Сподели

При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило пежо со велешки регистарски ознаки, кое го управувал К.С. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, а му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта.

Како што информираат денеска од СВР Велес, тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ