петок, 4 јули 2025

Уапсен валандовец затоа што возел пијан

Кај место викано „Монопол“ во Валандово синоќа, полициски службеници од ОВР Валандово го лишиле од слобода Т.П.(71) од село Пирава, валандовско, соопшти денеска МВР.

Објавено на

часот

Сподели

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило фолксваген голф со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,64 промили алкохол во крвта.

„Тој е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ