Уапсениот тетовец возел ланчија со тетовски регистерски ознаки и излетал надвор од коловозот, а полициските службеници констатирале дека управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.24 промили алкохол во крвта.
„Во несреќата тој се здобил со лесни телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово, по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, информираа од СВР Тетово.