сабота, 12 јули 2025

Уапсен тетовец, возел со 156 километри на час каде е дозволено 80 километри на час

Вчера на патот Тетово-Гостивар, во близина на клучка Жеровјане, тетовско, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Д.Д. При сообраќајната контрола и преземени мерки и активности, полициските службеници констатирале дека Д.Д. управувал патничко возило „мерцедес” со гостиварски регистарски ознаки со брзина од 156 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за безобзирно управување на моторно возило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ