„Имено Р.К. управувајќи патничко моторно возило „БМВ“ на даден знак стоп не го сопрел возилото со зголемена брзина се дал во бегство и од прозорот фрлил кесички со бела прашкаста материја. Во тој момент полицискиот службеник од службен пиштол испукал два предупредувачки куршуми во воздух, и Р.К. го сопрел возилото но започнал агресивно да се однесува кон полициските службеници, при што биле употребени средства за присилба – лисици. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово, а по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, информираше МВР.
Уапсен тетовец кој фатен со дрога пробал да ѝ избега на полицијата
Синоќа, половина час пред полноќ на крстосницата на улиците „Љуботенска“ и „Киро Ристовски Дрнц“ полициски службеници од полициската станица Тетово со средства за присилба го уапсиле Р.К. од село Порој, а по претходно добиени оперативни сознанија за недозволена трговија со дрога.

Објавено на
часот