вторник, 3 јуни 2025

Уапсен тетовец, кај кого е најдена дрога, по што нападнал полицајци

Уапсен е тетовец кај кого при претрес на полициски службеници била пронајдена дрога по што ги нападнал полицицајците.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 12:10 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ПО Теарце извршија претрес во дом и помошни простории кај Б.С. од село Слатино, тетовско, кој претходниот ден околу 23:50 часот бил лишен од слобода на локалниот пат Џепчиште- Варвара поради напад врз полициски службеници кои вршеле службени дејствија. При претресот се пронајдени и одземени две дигитални ваги и пет кесички со бела прашкаста материја“, соопштуваат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ