МВР денеска соопшти дека при сообраќајна контрола е сопрено патничко возило ауди со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,56 промили алкохол во крвта.
Тој бил исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.