понеделник, 23 март 2026

Уапсен струмичанец, возел пијан, без регистрирано возило и нападнал полицајци

Вчера вечер на улица Крушевска Република  во Струмица бил уапсен Т.А. затоа што се обидел да нападне полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Објавено на

часот

Сподели

„Тој претходно бил забележан од полициски службеници како со голема брзина и небезбедно управува возило комбе мерцедес, а откако бил запрен било констатирано дека возилото го управува со истечена регистрација. Додека, по извршено алкотестирање било утврдено дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 0,96 промили алкохол во крвта. Откако бил известен дека ќе му биде одземено возилото, тој почнал да удира по возилото и од него извадил нож со кој се обидел да ги нападне полициските службеници. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираше МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ