Според пријавата поднесена од 30-годишната оштетена, осомничениот во подолг временски период ја следел на различни локации каде што се движела, како и на нејзиното работно место. Дополнително, истиот ден околу 15 часот, тој ѝ упатил закани преку телефон.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.






