недела, 6 јули 2025

Уапсен скопјанец, возел со 121 километар на час

Вчера наутро на патот Прилеп-Крушево, кај место викано „Стопанство“, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода С.А. од Скопје. При сообраќајна контрола и преземени мерки, полициските службеници констатирале дека С.А. управувал товарно возило „дачиа” со скопски регистарски ознаки со брзина од 121 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, лицето било приведено во полициска сртаница и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со  моторно возило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ