четврток, 3 јули 2025

Уапсен скопјанец, возел пијан и предизвикал сообраќајка

Полициски службеници од СВР Скопје уапсиле од слобода 32-годишен возач кој синоќа управувајќи возило под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна незгода, при што со телесни повреди се здобило едно лице.

Објавено на

часот

Сподели

Возачот, како што информираат од МВР, бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

„На 16.06.2025  во 23:30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.З. од Скопје. На улица Христо Татарчев, тој со патничко возило фолксваген пасат со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во патничко возило фиат стило со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К. од село Сопиште, скопско. Во несреќата со телесни повреди се здобила 24-годишната Ј.П. од Скопје, сопатничка во возилото фиат стило, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники Мајка Тереза Скопје. При преземање мерки во врска со сообраќајната незгода било констатирано дека Д.З. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,70 промили алкохол во крвта“, се вели во соопштението од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ