Станува збор за Р.И. од Радовиш кој вчера околу 13 часот на местото викано „Градска река“, во атарот на Радовиш, од искрите при заварувањето предизвикал пожар на сува трева. Пожарот брзо се проширил и зафатил нискостеблеста шума, но бил изгаснат по интервенција на Територијалната противпожарна единица – Радовиш.
Според МВР, со случајот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирањето против Р.И. ќе биде поднесен соодветен поднесок.