„На 30.04.2025 во службена просторија на СВР Струмица во која биле присутни и други полициски службеници, при проверка на службен пиштол кој требало да го раздолжи, А.Б. испукал еден куршум со пиштолот. За настанот биле запознаени началникот на СВР Струмица, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал Скопје“, велат од МВР.
По документирање на случајот, против А.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.