понеделник, 22 декември 2025

Уапсен откако телефонски му се заканил на амбасадор на странска држава

Објавено на

часот

Сподели

„Полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје е лишен од слобода Р.Б., со живеалиште во село во охридско, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело ‘загрозување на сигурноста’.

Постапувајќи по пријава од 14 април годинава, според која едно лице телефонски упатило закани по животот на амбасадорот, во странска амбасада во земјава, беа преземени мерки и активности од страна на полициски службеници, при што е утврден идентитетот на лицето, тоа е најдено и приведено, а во координација со јавен обвинител од ОЈО Скопје, на 21 април 2022 поднесена е кривична пријава за кривично дело по член 144, став 3 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението на МВР.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ