среда, 9 април 2025

Уапсен осуденик баран за издржување казна затвор

Полициски службеници од мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата вчера околу 18 часот на автопатот граничен премин Табановце-Куманово лишиле од слобода 40-годишен жител на Скопје, кој бил баран за издржување на казна затвор.

Објавено на

часот

Сподели

Осуденикот, како што информираат од МВР, ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

„На 4.4.2025 околу 18 часот на автопатот граничен премин Табановце-Куманово полициски службеници од мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода А.Ш. од Скопје, при контрола на патничко возило пежо со скопски регистарски ознаки и било утврдено дека лицето не поседува возачка дозвола при што се преземени соодветни мерки за сообраќајниот прекршок. При дополнителна проверка утврдено е дека А.Ш. бил баран со наредба од Основен суд Скопје 1 за спроведување до Затвор Скопје поради изречена казна затвор“, се вели во соопштението од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ