петок, 6 март 2026

Уапсен неготинец, со закани барал од лице да промени изјава во обвинителство

Полициски службеници вчера лишиле од слобода 24-годишен жител на Неготино, кој со закани барал од лице да промени изјава во обвинителство, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 13 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР – Неготино лишиле од слобода 24 – годишник од Неготино, постапувајќи по претходна пријава дека му се заканувал на 27 – годишник од село Тремник, неготинско и барал од него да промени претходно дадена изјава во Основно јавно обвинителство – Кавадарци, во врска со претходно случен настан“, соопштија од СВР – Велес.

Притоа, како што додадоа, тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе била поднесена соодветна пријава. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ