петок, 20 март 2026

Уапсен малолетник, му се заканувал со пиштол на врсник по караница за девојка

Вчера попладне во село Тркање, кочанско, полициски службеници од ОВР Кочани лишиле од слобода 16-годишник од селото.

Објавено на

часот

Сподели

Уапсениот малолетник се сомничи дека на 13 март 2026, по претходна расправија за девојка, со пиштол се заканувал на друг малолетник од село Оризари, кочанско.

„Во присуство на родител, адвокат и социјален работник, извршен е службен разговор со малолетникот и одземени се пиштол екол калибар 9 мм и рамка со еден куршум. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ