„Вчера во 21 часот во Куманово, полициски службеници го лишија од слобода К.Ж. Имено, по завршување на кошаркарскиот натпревар во спортска сала во Куманово помеѓу екипите на МКК Куманово и КК Пелистер од Битола, настанала физичка пресметка помеѓу навивачите на двете екипи, а биле физички нападнати полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Притоа, К.Ж. е забележан како со тврд предмет ги оштетува возилата на гостинскиот тим“, информираше полицијата.
По целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
„Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сите учесници во пресметката и за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.






