четврток, 10 јули 2025

Уапсен кумановец осомничен за кражба на мобилни телефони

Кумановската полиција уапси триесет и осумгодишен кумановец осомничен за кражба на мобилни телефони од продажен објект, соопшти денеска МВР. Телефоните биле вратени на сопственикот.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ф.(38) од Куманово, поради сомнение дека на 26.06.2025 од продажен салон во Куманово одзел мобилни телефони. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот“, информираше полицијата.

М.Ф. е приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ