недела, 14 декември 2025

Уапсен косовски државјанин на Долно Блаце, се барал по потерница од Интерпол

На 17 јули 2025 година, околу 16:20 часот, на граничниот премин Долно Блаце, при влез во државата, полициски службеници го привеле С.А. (26) од Косово, кој се барал со меѓународна потерница. Како што информира Министерството за внатрешни работи, при рутинска гранична контрола било утврдено дека лицето се наоѓа на меѓународна потрага со мерка „апси“, распишана по барање на Интерпол.

Објавено на

часот

Сподели

Веднаш по лишувањето од слобода, С.А. е предаден на полициските службеници од Полициската станица Кисела Вода, каде ќе се спроведат натамошните законски постапки во координација со надлежните институции.

МВР соопшти дека продолжува со интензивна контрола на граничните премини и соработка со меѓународните безбедносни служби, со цел спречување на прекуграничниот криминал и извршување на меѓународни потерници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ