недела, 7 декември 2025

Уапсен кавардачец, возел автомобил со 2,18 промили алкохол во крвта

Со 2,18 промили алкохол во крвта возел низ Кавадарци, полицијата утрово лишила од слобода млад кавадарчанец, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Рано изутрина во 03:25 часот, на улица „7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Л.М.(26) од овој град. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен берлинго“ со кавадаречки  регистарски ознаки, кое го управувал Л.М. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,18 промили алкохол во крвта“, појаснија од СВР Велес.

Притоа, информираа дека тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против него ќе била поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ