На улица „Западен булевар“ во Кавадарци, уапсениот управувајќи патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, поминал на црвено светло, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,54 промили алкохол во крвта. В.Ѓ. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.