недела, 20 јули 2025

Уапсен крадецот од струмичко кој со пушка им се закануваше на битолски полицајци

Битолска полиција го упаси 28 годишниот Г.П. од селото Ангелци, струмичко, крадец кој вчера во битолското село Вашарејца се криел, а откако бил откриен вперил пушка врз полициските службеници.

Објавено на

часот

Сподели

Од секторот за односи со јавност на СВР Битола информираат дека вчера во битолскто село Долно Српци во СВР Битола било пријавено дека во селото се движи непознато лице со патничко моторно возило форд без регистарски ознаки, за кој локалното население се сомневало дека е можен извршител на кражби. Лицето излегло од возилото, извадило пушка од багажникот и пукало кон пријавителите, но не ги погодил.

„Од страна на полициски службеници од СВР Битола, веднаш по пријавата биле преземани мерки и активности за пронаоѓање на лицето, при што во нива во селото Долно Српци е пронајдено возилото, а во нива во селото Вашарејца, Општина Могила, е пронајден и сторителот за кој е утврдено дека е Г.П. од струмичкото село Ангелци. Полициските службеници издале наредба да ја фрли пушката, но тој не постапил по наредбата туку ја вперил пушката наизменично кон двајца полициски службеници, по што тие предупредувачки истрелале неколку куршуми во воздух. При преземањето мерки за совладување на Г.П., тој се обидел да му го одземе службениот пиштол на едниот полициски службеник, но не успеал во намерата, по што се обидел со пушката да пука кон полицискиот службеник. На тоа возвратил полицискиот службеник и истрелал два куршуми кон Г.П. Со возило на Итна медицинска помош Битола, Г.П. бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување помош, а потоа е приведен во Полициската станица Битола“, посочија од СВР Битола.

Денеска по насока на јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на настанот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ