Како што информираше МВР, при контрола на возилото било констатирано дека регистарските таблички биле одјавени и припаѓале на друго возило, додека во возилото биле пронајдени 276 штеки различни видови цигари и 20 пакувања тутун без документација.
„Инаку, во претходниот период, во содејство со Царинската управа се преземени оперативни мерки и е констатирано дека возилото се користи за криумчарење на акцизна стока. Известен е јавен обвинител, возилото и цигарите се одземени, а лицето е спроведено во полициската станица Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава за фалсификување исправа и за криумчарење“, информираше МВР.