Инцидентот се случил на 30 јануари 2026 година околу 20:15 часот, кога неговиот син А.М. (36) го пријавил случајот во полиција. Според пријавата, М.М. (60) бил видливо агресивен и упатувал сериозни закани.
Кај пријавениот било извршено алкотестирање, при што му биле измерени 1,30 промили алкохол во крвта. Осомничениот е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар, каде ќе следува понатамошна постапка согласно законските прописи.






