вторник, 30 декември 2025

Уапсен 25-годишен неготинчанец, превезувал мигранти и удрил полицаец

На автопатот граничен премин Табановце – Куманово, вчера околу 16:30 часот полициски службеници го лишиле од слобода М.Б. од Неготино, кој превезувал мигранти и удрил полициски службеник во обид да избега.

Објавено на

часот

Сподели

„На автопатот граничен премин Табановце – Куманово, вчера околу 16:30 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода М.Б. од Неготино. Претходно, полициските службеници забележале дека од возилото мазда со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, излегле неколку лица мигранти. Потоа, откако му дале знак за запирање, тој се бидел да побегне и со возилото удрил еден полициски службеник, но набргу бил совладан и лишен од слобода“, се вели во соопштението од МВР.

Лицето е задржано во полициска станица и се преземаат мерки за пронаоѓање на мигрантите и за целосно расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ