СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.
„На 28 мај 2025, полициски службеници го затекнале пријавениот на улица Васил Главинов во Охрид, кога тој фрлил пакување со марихуана. Пакувањето било пронајдено и одземено, а подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во неговиот дом, при што била пронајдена и одземена марихуана“, информираа од МВР.






