понеделник, 15 декември 2025

Уапесн полицаец, украл запленети пари и злато, приведен е и златарот што му помагал

Вчера во 17:50 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 51 годишниот полицаец Д.С., поради основи на сомневање дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Тој, од шкафот во полициската станица, каде чувал предмети одземени при претреси на кои присуствувал како вработен во крим-техника во полициската станица (ПС) Гостивар, украл околу 25.000 евра и златен накит вреден околу 50.000 евра.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Увид во објектот на полициската станица Гостивар извршил јавен обвинител од ОЈО Гостивар, во присуство на увидната екипа и раководството на ОВР Гостивар. Исто така, во 20:30 часот на улица ,18-ти Ноември во Гостивар полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода И.Ш., поради основи на сомнение дека сторил кривично дело ,прикривање односно вршел откуп на украдениот златен накит. По добиена судска наредба, биле извршени претреси во домовите и помошните простории на Д.С. и И.Ш., при што биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичните дела. Двајцата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе бидат изготвени соодветни поднесоци“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ