Според информациите од полицијата, на 3 јуни, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот каде што престојувале пријавените лица. При претресот, биле пронајдени и одземени автоматска пушка и две рамки со куршуми калибар 7,62 милиметри.
Материјалните докази се обезбедени, а пријавените се соочуваат со кривична одговорност за поседување оружје без дозвола.